Објавено на:

Лукашенко нема да дозволи “шарена револуција”: Ќе “му се отсече главата” на секој што ќе го наруши мирот во земјата

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека владата нема да дозволи да се повторат масовните протести на опозицијата по претседателските избори во 2020 година и посочи дека секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата ќе биде спречен.

-Дали заборавивте што се случи во 2020 година или овде седат три четвртини од луѓето кои се задоволни од тоа што се случи таа година и сакаат минатото да се повтори, праша Лукашенко на состанокот за обезбедување на редот и законот во земјата, пренесоа руските медиуми.

Лукашенко на состанокот кажа и дека има „доволно сила“ и дека ќе му ја „отсече главата на секој кој денеска сака да го наруши мирот и спокојството во земјата“.

-Можеби денеска некој сака да војува, како што се случува во Украина. Подобро е да се биде далеку од војната, подобро е да ја немаме овде на нашата земја, рече белорускиот претседател.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум земји-кандидатки за ЕУ, меѓу кои и…

Европската унија одлучи да додаде 25 физички…

Од Европа само Македонија и Белорусија не…

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја…

Стејт департментот со предупредување до Американците да…

Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…

Лукашенко: Во Белорусија има десетици нуклеарни боеви…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потврди дека…

Белорусија стана држава-партнер на БРИКС

Белорусија стана земја партнер на БРИКС, објави…