Лукашенко нема да дозволи “шарена револуција”: Ќе “му се отсече главата” на секој што ќе го наруши мирот во земјата
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека владата нема да дозволи да се повторат масовните протести на опозицијата по претседателските избори во 2020 година и посочи дека секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата ќе биде спречен.
-Дали заборавивте што се случи во 2020 година или овде седат три четвртини од луѓето кои се задоволни од тоа што се случи таа година и сакаат минатото да се повтори, праша Лукашенко на состанокот за обезбедување на редот и законот во земјата, пренесоа руските медиуми.
Лукашенко на состанокот кажа и дека има „доволно сила“ и дека ќе му ја „отсече главата на секој кој денеска сака да го наруши мирот и спокојството во земјата“.
-Можеби денеска некој сака да војува, како што се случува во Украина. Подобро е да се биде далеку од војната, подобро е да ја немаме овде на нашата земја, рече белорускиот претседател. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…
Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…
Летонија забрани руски и белоруски книги поради…
Летонија забрани увоз на книги, весници и…
Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?
Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…
Белорусија го прогласи Euronews за „екстремистички“ медиум
Министерството за информации на Белорусија ја прогласи…