Објавено на:

Лукашенко не ги осудува француски, ако некој е виновен тогаш треба и да одговара

t

Коментирајќи го притворањето на основачот на платформата „Телеграм“, Павел Дуров, во Франција, белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека не ги осудува француските власти, бидејќи, според него, ако некој е виновен, тогаш треба и да одговара.

Како што истакна белорускиот лидер, „многумина од оние кои беа лоши ученици во школо, сега почнуваат да ја критикуваат белоруската власт и да тврдат дека некаде на Запад, на пример, во Франција, е подобро отколку дома“. Според него, рускиот претседател Владимир Путин своевремено му раскажал за еден од своите разговори со францускиот претседател Емануел Макрон по изборите во Белорусија во 2020 година, кога францускиот лидер спомнал политички затвореници во Белорусија.

Минатата сабота вечер, француските медиуми јавија дека основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, е приведен на аеродромот „Бурже“ по излегувањето од приватен авион кој наводно пристигнал од Азербејџан.

Според француската печат, Дуров, кој има француско државјанство, бил на француска потерница поради вмешаност во прикривање информации за нелегални активности на неговата апликација „Телеграм“, вклучувајќи дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога.

Тој исто така се сомничи за неспремност да соработува со властите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…