Лукашенко: По војната само Русија и Белорусија ќе ѝ помогнат на Украина
По завршувањето на конфликтот, Белорусија и Русија ќе ѝ обезбедат помош на Украина, додека на Западот можеби повеќе нема да му биде потребна повеќе таа земјата, рече белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Секогаш им навестувам на Украинците: никој нема да им помогне во повоениот период освен нас“, рече Лукашенко за време на состанокот во Минск со гувернерот на рускиот регион Киров, Александар Соколов.
Тој оцени дека интересот на Западот за Украина би можел да ослабне ако вниманието на Соединетите Држави се пренасочи кон други кризни точки.
„Ако Соединетите Држави се свртат кон Иран, Јемен или Тајван, Украина ќе биде заборавена и никој повеќе нема да има потреба од неа“, рече белорускиот лидер.
Лукашенко нагласи дека е потребно да се гледа напред и да се работи кон мирно решавање на конфликтот. „Разбирањето доаѓа бавно. Тоа е сложен процес, но мора да се преземат чекори во оваа насока“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…