Лукашенко: Рускиот хиперсоничен ракетен систем „Орешник“ веќе е на пат кон Белорусија
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека најновиот руски хиперсоничен балистички ракетен систем „Орешник“ веќе е на пат за распоредување на територијата на неговата земја. Информацијата ја пренесе државната новинска агенција БЕЛТА.
„Веќе е на пат. Сè ќе биде во ред“, одговори Лукашенко на прашањето на новинарите во Москва дали системот е пристигнат.
Тој претходно најави дека „Орешник“ ќе биде распоредeн во Белорусија до крајот на годината, во согласност со договорот постигнат со рускиот претседател Владимир Путин во Волгоград.
Белорускиот лидер овој потег го оцени како чекор кон зајакнување на националната безбедност, заштита на суверенитетот и одвраќање од надворешни закани.
Министерството за одбрана на Белорусија порано овој месец информираше дека заедно со руските сили вежбале планирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје и распоредување на системот „Орешник“ во рамките на заедничките маневри „Запад-2025“.
„Орешник“ е ракетен систем со домет од 5.500 километри, способен да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави и да погоди цели со брзина до 12.300 километри на час. Неговото прво експериментално борбено лансирање беше изведено во ноември 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…
Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…
Киев може да се соочи со „вистински…
Страв од руски удари врз струјата, водата…
Удар за Европа: Арамко стопира дел од…
Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…