Лукашенко: Секоја провокација на границата мора да се спречи со оружје
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја жестоко ќе реагира во случај на провокации на границата со соседните земји, пренесува агенцијата „Белта“.
„Јавно ќе кажам: секоја провокација мора да се спречи со вооружени средства. Нема поента да бидеме попустливи кон нив. Ако ја нарушат државната граница – до уништување. И ние ќе постапиме соодветно… Тие ја разбираат само силата“, рече Лукашенко, кој го проверуваше исполнувањето на задачите во рамките на ненадејна проверка на борбената готовност на вооружените сили во областа Ошмјан, која се граничи со Полска и со Литванија.
Командантот на трупите на Северозападната оперативна команда, Александар Науменко, изјави дека моменталната состојба во северозападниот оперативен правец се уште е тешка и дека има тенденција за зголемување на тензијата.
Односите меѓу Белорусија и Литванија, која е членка на ЕУ и НАТО, се влошија во последните години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…