Лукашенко тврди: САД не ѝ дозволуваат на Украина да преговара
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека Соединетите Американски Држави не ѝ дозволуваат Украина да започне преговори со Русија.
„Украинското раководство не смее да започне преговори. Сакаат да ја уништат Европа со еден удар, за преку Русија да се доближат до Кина. Се разбира, со разбивање на Русија“, рече тој, а пренесе ТАСС.
На почетокот на оваа недела, Лукашенко зборуваше за потребата од преговори за мир, но и дека Украина, како и Полска и САД, треба да бидат „изложени во вистинско светло“.
„Америка која владее со Полска се плаши само од едно – нуклеарен конфликт, нуклеарно оружје. Зошто? Затоа што тогаш веќе ќе биде вжештена ситуацијата. Тоа е нивниот пристап“, изјави белорускиот лидер за новинарите, пренесе Спутник.
Претходно Лукашенко изјави дека раководството на Украина треба да престане и да преземе чекори за прекин на конфликтот доколку не сака смрт на огромен број луѓе и уништување на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…