Објавено на:

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

t

Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.

Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја изгуби својата државност.

Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.

Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.

Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.

„Западот го претвори Киев во зависник од дрога, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.

Според него, на вооружените сили на Украина им недостасува не само муниција, туку и жива сила.

Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.

„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостасува работна сила. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.

Лукашенко коментира и дека Вашингтон ја интензивирал работата на проверка на подготвеноста за примена на компонентите на нуклеарната тријада и нивна модернизација.

„Ако Русија го искористи целиот свој арсенал како одговор на акциите на Западот, ќе дојде до апокалипса“, оцени Лукашенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…