Објавено на:

„Лукоил“ се повлекува од странските пазари по санкциите на САД

t

Руската нафтена групација „Лукоил“ денеска соопшти дека има намера да го продаде својот имот во странство поради „воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави“.

Компанијата во кусото соопштение на нејзината веб-страница вели дека е отворена за понуди од потенцијални купувачи, за целата нејзина меѓународна актива.

Продажбата на имотот се спроведува во согласност со лиценцата за прекин на дејноста, издадена од Канцеларијата за контрола на странскиот имот (ОФАК) при Министерството за финансии на САД. Од „Лукоил“ планираат да поднесат барање за продолжување на лиценцата, доколку тоа е неопходно за да се обезбеди непрекината работа на нејзините меѓународни подружници, се додава во соопштението.

САД минатата недела воведоа санкции против двете најголеми руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, поради војната во Украина.

Во Македонија, „Лукоил“ има околу 40 бензински пумпи и неколку стотици вработени. Компанијата е присутна и во Србија, Бугарија, Црна Гора и други земји во поширокиот регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лукоил“ се повлекува од странските пазари по…

Руската нафтена групација „Лукоил“ денеска соопшти дека…

Зеленски: Санкциите од САД кон Русија не…

Украинскиот претседател Володомир Зеленски за „Аксиос“ изјави…

САД очекуваат Унгарија да престане да користи…

САД очекуваат Унгарија да престане да користи…

Американски хеликоптер и борбен авион се урнаа…

Хеликоптер MH-60R Sea Hawk на американската морнарица…