САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас
САД очекуваат Унгарија да престане да користи руската нафта и гас, изјави Метју Витакер, американски амбасадор во НАТО, додека во исто време Вашингтон ги повика Будимпешта, Словачка и Турција, да развијат и спроведат план за намалување на нивната енергетска зависност од Русија.
Како што пишува „Украинска Правда“, Витакер нагласи дека САД се подготвени да ѝ помогнат на Унгарија да ја елиминира својата зависност од руските енергенси, но истакна дека унгарската страна досега не презела конкретни чекори во таа насока.
– Знаете, Унгарија, за разлика од многу нејзини соседи, не направи никакви планови ниту презеде активни чекори. Затоа ќе продолжиме да работиме со нив и ќе работиме со нивните соседи како Хрватска и други земји кои можат да им помогнат да се одвикнат, рече Витакер.
Овој повик доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп очекува Европа целосно да се откаже од руската нафта и гас. Неговата администрација неодамна воведе санкции против руските енергетски гиганти Росњефт и Лукоил.
По воведувањето на санкциите, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја работи на изнаоѓање начин како да ги заобиколи американските мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…