„Луфтханза“ целосно ги укинува летовите Франкфурт-Скопје
„Луфтханза“ ги прекинува летовите помеѓу Франкфурт и Скопјe по повеќе од три години функционирање. Како што првично беше објавено, линијата требаше да биде суспендира на 1 јуни за еден месец и да продолжи на 1 јули, но компанијата сега целосно ги укина сите летови до крајот на летото, како и за претстојната зимска сезона, која започнува на 25 октомври. Нуди алтернативни линии до Скопјe преку Виена преку својата подружница „Аустриан ерлајнс“.
Германскиот превозник ја одржуваше оваа линија од седум до десет пати неделно, зависно од периодот на годината. Оваа зима ги скрати фреквенциите на три лета неделно.
Одлуката доаѓа во контекст на поширока стратегија на „Луфтханза груп“, која постепено ја редизајнира својата европска мрежа и ги концентрира операциите кај своите главни превозници. Овие промени веќе резултираат со повеќекратни корекции на распоредите и намалување на одредени линии во регионот.
Линијата Франкфурт–Скопје беше воспоставена кон крајот на април 2023 година и во почетокот се сметаше за значаен нов капацитет на групацијата на балканскиот пазар. Сепак, уште во текот на изминатата зимска сезона беа забележани сериозни редукции, кога планираните десет неделни летови беа сведени на само три ротации во февруари и март. За воспоставување на маршрутата, компанијата користеше и владина поддршка, која важеше до 30 декември 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Луфтханза“ целосно ги укинува летовите Франкфурт-Скопје
„Луфтханза“ ги прекинува летовите помеѓу Франкфурт и…
Побаран притвор за 19 годишникот од село…
Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…
Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…
На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…
Утре затворени неколку улици низ Скопје
Утре во организација на Здружението за спорт…
Булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен пред…
Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, проект…