Луѓето се закопуваат во масовни гробници – Емотивен говор на украинскиот амбасадор во ОН
Амбасадорот на Украина во ОН, Сергиј Кислиција, ја осуди Русија и ја нарече „држава агресор“ за лаги, воени злосторства и злосторства против човештвото.
-Која е следната цел? Уште една станбена зграда? Уште едно породилиште? Руските војници веќе ги погодија сите овие места – рече тој.
Обраќајќи се во ОН, тој зборуваше за Мариупол, кој е речиси под постојан напад на руските сили.
-Руските воздушни напади и гранатирање речиси го уништија Мариупол и загинаа 1.582 цивили во градот, според локалните власти. За прв пат по Втората светска војна, луѓето се закопуваат во масовни гробници во украинските градови – рече тој.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…