Објавено на:

МААЕ вели дека Иран е сè поблиску до нуклеарно оружје, за Техеран извештајот е „политички мотивиран“

t

Иранските власти најавија дека ако Меѓународната агенција за Атомска енергија (МААЕ) на претстојниот состанок преземе каква било акција против Иран, Техеран ќе „спроведе соодветни мерки“, пренесоа локалните медиуми.

Реакцијата доаѓа откако беше објавено дека во најновиот, доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во кој увид имаа западни медиуми, се наведува дека Иран ги зголемил резервите на збогатен ураниум и извршува тајни нуклеарни активности на три локации – Лависан Шијан, Варамин и Мариван, користејќи материјали непријавени во агенцијата на Обединети нации.

Според МААЕ, Иран во последниот квартал од 2024 година, ги зголемил резервите на збогатен ураниум за 953,2 килограми на 9.247,6 килограми.

Иранските резерви на ураниум збогатен до 20 проценти во форма на ураниум хексафлуорид (УФ6) намалени за 332,3 килограми на 274,5 килограми, но во исто време резервите на ураниум збогатен до 60 отсто во форма на УФ6 зголемени се за 133,8 килограми, на 408,6 килограми.

Според дефиницијата на МААЕ, околу 42 килограми ураниум збогатен до 60 проценти е теоретски доволно, доколку се збогати дополнително, за производство на атомска бомба.

МААЕ, повикувајќи се на изјави на поранешни високи ирански владини претставници Техеран има капацитети за производство на нуклеарно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…