Мадиќ од Загреб: Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземет мерки за нивна превенција

t

Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ се обрати и на вториот ден на меѓународната конференција која се одржува во Загреб ,, Иднината на проширувањето на ЕУ:Правосудство и темелни права “.

Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите.

,,Од примарна важност е обезбедувањето на условите за јакнење на интегритетот на човечкиот фактор во судството, јавното обвинителство и јакнење на системот за одговорност и транспарентност, во согласност со принципите на владеење на правото. Оттука, неопходно е внимателно да се следат ризиците за појава на корупција,проактивно да се спроведуваат активности за превенција на корупцијата и да се реализира бескомпромисна политика на репресија на корупцијата “,порача Мадиќ.

Комплексноста и софистицираноста на современите форми на корупција, развиени како резултат на глобалниот општествен и технолошки развој, нè повикува на градење иновативни стратегии за ефективна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата, со вклучување на современи алатки.

Во Република Македонија воспоставена е сеопфатна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата.

Во правната рамка за спречување на корупцијата во поголем обем се вградени меѓународните стандарди и добри пракси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…