Мадуро: Американска интервенција врз Венецуела би била политички крај за Трамп
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро предупреди дека секоја американска воена интервенција врз неговата земја ќе биде политички крај за американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој во телевизиско гостување на 17 ноември изјави дека круговите околу Трамп провоцираат вооружена акција, која би го довела Трамп до бездна. Според Мадуро „моќен сектор во САД се труди да го уништи Трамп“ преку Венецуела.
– Сакаат претседателот Трамп да направи најсериозна грешка во неговиот живот и воено да се постави против Венецуела, што би било политички крај на неговото водство и име, а тој е под притисок и провокации. Провокацијата доаѓа од неговите противници и познати непријатели … но и од луѓето околу него кои прават калкулации за постТрамповата ера и не е важно дека му нанесуваат штета, наведе Мадуро.
Тој истакна дека Венецуела е подготвена за дијалог „лице во лице“ со Вашингтон, повторувајќи оти дипломатијата и потрагата по заеднички точки и понатаму остануваат непроменлив став на неговата Влада.
Трамп на 16 ноември изјави дека „може да има разговори“ со Мадуро „затоа што Венецуела сака да разговара“, иако подоцна посочи дека е донесена одлука за мерките што треба да се преземат за Венецуела, без да даде дополнителни детали.
Истиот ден Стејт департментот објави дека од 24 ноември Картел де лос Солес ќе биде означена како странска терористичка организација, која Вашингтон ја поврзува со Мадуро. Каракас таквото тврдење го нарече измислица.
Тензиите помеѓу САД и Венецуела траат од август кога Трамп нареди распоредување војска во Карипско Море, како дел од операцијата против наркокартелите и трговијата со дрога. Мадуро тврди дека операцијата е насочена кон негова смена.
САД досега извршија 21 напад врз бродови за кои тврди дека пренесуваат дрога, при што загинаа 83 луѓе. Трамп навести дека е можно да нападне цели на венецуелското копно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мадуро: Американска интервенција врз Венецуела би била…
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро предупреди дека…
Американскиот Конгрес усвои објавување на истражните досиеја…
Американскиот Конгрес денеска ја усвои одлуката за…
Саудиска Арабија се согласи да инвестира 600…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Макрон: Европа одбива да биде технолошки вазал…
Европа одбива да биде технолошки вазал на…
Трамп: Запрев осум војни, ова со Путин…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…