Објавено на:

Саудиска Арабија се согласи да инвестира 600 милијарди долари во САД

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Саудиска Арабија се согласила да инвестира 600 милијарди долари во САД.

– Сакам да ви се заблагодарам што се согласивте да инвестирате 600 милијарди долари во САД. Тој (Мохамед бин Салман) е мој пријател, можеби ќе инвестира до еден трилион долари, но ќе морам да соработувам со него, изјави Трамп на средбата со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Белата куќа.

Салман вети дека саудиската инвестиција во САД ќе биде зголемена до еден трилион долари.

Трамп најави и дека САД ќе и продадат на Саудиска Арабија воени авиони Ф-35. Такви воени авиони во регионот има само Израел.

Американскиот претседател наведе дека со Салман разговарал и за Договорите на Аврам за нормализација на односите со Израел. Американскиот претседател изрази оптимизам дека Ријад позитивно ќе одговори.

Салман истакна дека Саудиска Арабија пред потпишување на Договорите на Аврам сака да се увери дека ќе биде формирана палестинска држава. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…