Објавено на:

Маж запалил електрични кабли во зграда во Битола, оштетена инсталацијата на два ката

t

Четириесет и едногодишен битолчанец е лишен од слобода откако предизвикал пожар во електричната инсталација на станбена зграда во Битола.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 јули 2026 година, на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го привеле З.С. (41) од Битола.

Според информациите, тој во влезот на станбената зграда запалил кабли од електричната инсталација, при што бил оштетен дел од електричната инсталација на два ката.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола, а по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…