Маж и жена од Бугарија завршија зад решетки – од скопјанка земале 8 илјади евра во два наврати, еве како ја прелажале

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против маж и жена, државјани на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со прикажување лажни факти преку телефонски разговор довеле во заблуда една оштетена со живеалиште во општина Аеродром, на која во два наврати и зеле вкупен износ од 8.000 евра. Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5.100 евра, а потоа уште 2.900 евра.

Со оглед на тоа што осомничените се странски државјани без регулиран престој во земјава, па постои висок ризик да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…