Маж од Косово ограбил турски државјанин во Скопје
Евидентирана кражба во трговски центар во текот на вчерашниот ден, стои во полицискиот билтен на МВР.
Според информациите, на 12.03.2023 во 18.05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово.
-Тој се сомничи дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…