Маж од Тетовско две години ѝ барал пари на бившата за да не објави видео снимки
Маж од Тетовско две одини ја уценувал бившата партнерка да му даде пари за да не објави јавни ввидео снимки со експлицитна содржива.
Деновиве, сепак ги објавил, по што жената го пријавила во полиција.
Полицијата го уапси, а од неговиот дом, при претрес одзеде мобилен телефон и лаптоп.
„На 7.9.2026 година, полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од селото Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 152-а во врска со член 24 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска. Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките“, соопшти полицијата.
З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
139 деца на педијатрија за 48 часа…
Високите температури кои преовладуваат во последните денови…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…