Маж подолг период вршел физичко насилство на поранешната вонбрачна сопруга и ѝ упатувал закани по животот
Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 25-годишен жител на Тетово, откако неговата поранешна вонбрачна сопруга го пријавила за подолготрајно физичко насилство и закани.
Од МВР информираат дека С.И. бил лишен од слобода на 13 август во 15:40 часот, поради постоење сомнение за кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.
Според пријавеното, 20-годишната жена од Тетово навела дека тој подолг период вршел физичко насилство врз неа и ѝ упатувал закани по животот.
С.И. бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вајц: И во Австрија има големи случаи…
Сите земји-членки на ЕУ се борат со…
Утре без струја и вода во повеќе…
Поради планирани технички зафати, утре, 25 септември,…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Цените на нафтата скокна на 106 долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…