Објавено на:

Маж пукал со калашников во луѓе во Приштина

t

Косовската полиција уапси маж во Приштина под сомнение дека пукал со калашников во автомобил во кој се наоѓале три лица, јавува „Национале“.

Според полицијата, по пукањето, осомничениот го сокрил оружјето во корпа за отпадоци, кое полицијата го пронашла и го одзела.

„Уапсен е осомничен маж поради сомнение дека фрлил огнено оружје АК-47 во корпа за отпадоци, со кое наводно пукал во автомобил во кој биле три лица. Полициските единици го заплениле оружјето и 27 куршуми, додека оштетениот автомобил бил однесен за преглед. Во полициската станица се идентификувани тројца мажи за кои постои сомневање дека биле во автомобилот во моментот на пукањето“, се вели во полициското соопштение.

Како што се додава, по сослушувањето осомничениот е приведен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…