Објавено на:

Маж 10 часа висел наопаку меѓу карпи во кањон во Хрватска – го пронашол дрон

t

Припадници на Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) синоќа извеле сложена спасувачка акција во кањон, каде што маж речиси 10 часа бил заглавен меѓу две карпи, висејќи со главата надолу, соопштија на својата официјална веб-страница.

На дежурниот телефон на ХГСС – Станица Шибеник, пристигнал повик од Центарот 112 со информација за исчезнато лице и барање за нивна помош, пренесува „Јутарњи“.

Постоеле индиции каде би можел да се наоѓа изчезнатиот човек, а подрачјето за пребарување било под тврдината во Дрниш, во кањонот на реката Чикола.

За кратко време на терен излегле 15 спасувачи на ХГСС со две беспилотни летала, а во акцијата се приклучиле и пет пожарникари од Доброволното противпожарно друштво Дрниш.

Поради исклучително непристапниот терен, потрагата била организирана од повеќе правци.

Додека дел од спасувачите го пребарувале теренот од воздух со дронови, други со јажиња се спуштале по стрмните карпи на кањонот, а трета група го пребарувала пресушеното речно корито.

Додека дел од спасувачите го пребарувале теренот од воздух со дронови, други со јажиња се спуштале по стрмните карпи на кањонот, а трета група го пребарувала пресушеното речно корито.

Конечно, операторот на еден од дроновите го забележал исчезнатиот маж во стрмен процеп под тврдината. Според медиумските извештаи, тој останал заглавен меѓу две карпи, висејќи со главата надолу.

Со оглед на времето кога исчезнал, се претпоставува дека во таква положба поминал околу 10 часа, на температура повисока од 30 степени.

Спасувачите се спуштиле до него со носилка и со опрема за прва помош, го имобилизирале и го подготвиле за извлекување.

Во меѓувреме, друга екипа на повисокиот дел од теренот поставила системи за подигнување за да можат повредениот и спасувачите безбедно да бидат извлечени од кањонот.

Повредениот потоа бил предаден на екипа на итната медицинска помош за понатамошно лекување.

Акцијата завршила во 22:30 часот.

Од ХГСС соопштија дека дронот во текот на целата акција дополнително ја осветлувал локацијата од воздух, овозможувајќи им на спасувачите побезбедна работа на теренот.

„Ваквите акции му даваат смисла на секој час обука, на секое излегување на терен и на секоја жртва што ја поднесуваат спасувачите. Вчера сето тоа се совпадна во вистинскиот момент. Резултатот е човек кој доби нова шанса за живот“, порачаа од ХГСС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж 10 часа висел наопаку меѓу карпи…

Припадници на Хрватската горска служба за спасување…

Вучиќ: Хрватска тајно се обидува да го…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави минатата…

„Рајнметал“ ја избира Хрватска за нов европски…

Германскиот одбранбен и технолошки концерн „Рајнметал“ го…

Трагедија во Хрватска: жена отишла на капење…

Жена вчера се удавила во езерото Трстеник…

Хрватски пратеник: Без воена отштета нема членство…

За време на заедничката дебата во Европскиот…