Македонецот Антонио со трчање до Острог: Исполнува животна желба и собира донации за деца со канцер
Македонецот Антонио Пандовски ја започна својата инспиративна мисија за да ја исполни најголемата животна желба – да стигне пеш, со трчање и пешачење, до Манастирот Острог во чест на своите покојни родители. Но, овој подвиг носи и уште една благородна цел – собирање донации за децата болни од канцер.
Антонио апелира за поддршка од сите кои сакаат да помогнат во реализацијата на неговиот сон.
– Сакам со вас да ја споделам мојата најголема животна желба и цел тоа е трчање-пешачење до Манастир Острог во чест на моите родители кои веќе не се меѓу нас … Овој подвиг ќе го реализирам во Јули месец оваа година ако биде се како што треба и оди се по план. Исто така овој подвиг сакам да биде и како хуманитарен подвиг собирање на средства за деца кои боледуваат од канцер. Сакам да се соединиме сите и да покажеме дека сме хумана држава. Јавно барам некоја фондација да се вклучи во овој мој проект и да направиме се што можеме да им овозможиме на нашите мали херои подобар живот. Исто така ако има некој што сака да се вклучи како пратња да ми овозможи полесно трчање во овој подвиг поготово велосипедист слободно нека ме контактира. Детали наскоро … ЗА НАШИТЕ МАЛИ ХЕРОИ! – напиша тој на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови руски напади ги нарушија интернет и…
Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…
Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални
Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…
ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…
Венко не може да ги обвинува сите…
Петровска: Нема да чекаме повик. ќе доставиме…
Една изборна единица и отворени листи е…
Сиљановска Давкова ја одликуваше светската научничка по…
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска на…