Македонец возел 205 км на час во Австрија, одземени му се возачката дозвола и автомобилот
Службениците од државниот оддел за транспорт од Австрија открија автомобил кој се движел со значително преголема брзина на Вестаутобанот во правец на Виена во општината Пуркерсдорф во четвртокот наутро.
Тие го бркале автомобилот со нивното цивилно патролно возило, а со помош на калибрираниот брзиномер и видео снимката е утврдено дека возачот се движел со 205 километри на час, при што бил запрен во областа Виена-Аухоф.
Се работи за лице кое живее во Линц, но со потекло од Македонија, и истиот е казнет.
Според полициската управа на покраината Долна Австрија, возачката дозвола е одземена поради преголема брзина и по консултација со окружната управа на Сент Пелтен, возилото е привремено одземено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство
Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…
Македонците во Гора го слават Ѓурѓовден
Македонците во областа Гора, северо-источна Албанија, почнаа…
Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат…
Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди…