МАКЕДОНЕЦ Е РАНЕТ ВО ВРАЧАР! Ранетиот А.П има сериозно досие – 12 кривични пријави за дрога и оружје…

t

Двајца млади момчиња се ранети во престрелката што се случи вечерва на улицата Максима Горки во Врачар. А.П.(29) е застрелан во пределот на десната надколеница вечерва во 19 часот и 40 минути на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки.

Во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва има ранетиот А.П. На сила е налог за издржување затворска казна.

Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин Д.Л. (21). Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.

Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри, облечен во сив дуксер и фармерки, по пукањето побегнал кон Чубурски парк.

Во моментот на пукањето паркот бил полн со деца и кога се слушнале истрелите сите застанале, а потоа некој сугерирал дека најверојатно се петарди и движењето продолжило.

Набрзо дошла полицијата, со автомобили, па дури тогаш луѓето сфатиле дека станува збор за истрели од огнено оружје.

Полицијата ја започна акцијата „Вихор“, пренесува српски Курир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…

Потпишан е договорот за продажба на рускиот…

Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…

Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…