Објавено на:

Македонец загина во експлозија во Белград, се истражува поврзаност со криминални групи

t

Во силна експлозија во изнајмен стан на улицата Косовска во Белград загина лице за кое постојат индикации дека е државјанин на Македонија. Според првичните информации, тој подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ, наводно наменета за ликвидација во рамки на криминални пресметки.

Сè уште се чека официјална потврда на идентитетот на загинатиот, но српската полиција, Безбедносно-информативната агенција и Вишото јавно обвинителство во Белград се целосно вклучени во истрагата. Според извори на српскиот портал „Курир“, експлозивот бил поврзан со пресметки меѓу нарко-групи во главниот град.

Експлозијата се случила во среда вечерта и предизвикала голема материјална штета – урнати ѕидови и таван, скршени прозорци и оштетени автомобили на улицата. Телото на загинатиот било пронајдено со тешки повреди, а соседите потврдиле дека станот бил издаван за живеење.

Бојан Јагодиќ, заменик-командант на Противпожарната и спасувачка бригада на Министерството за внатрешни работи на Србија, изјави дека екипите веднаш реагирале по дојавата. „Кога пристигнавме, затекнавме разурнат стан. Беше срушен ѕид кој поврзувал два апартмани, таванот беше паднат, а предметите расфрлани. Немаше пожар, но едно лице беше пронајдено повредено“, рече тој.

Истрагата продолжува за да се утврди кој стои зад подготовката на експлозивот и дали загинатиот бил дел од поголема криминална мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…