Македонец претепан до смрт во Есен, Германија – ова се деталите
Македонец на возраст од 32 години бил убиен во германскиот град Есен. Тој бил претепан до смрт по расправија со двајца Еритрејци.
Кавгата се претворила во тепчака во која, македонскиот државјанин бил удиран со тап предмет објавија германската полиција .
Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.
Според соопштението на полицијата 32-годишниот Македонец починал во болница како последица на повредите.
Во рамки на истрагата, потврден е сомнежот против еден од двајцата осомничени лица. На барање на јавното обвинителство во Есен, тој е изведен пред судија кој му одредил притвор за убиство од небрежност. Второто лице кое учествувало во нападот е пуштено на слобода.
Обвинителството во есен го истражува случајот. Нема детали што била причината за расправијата која доведе до смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Струјата од Нова година најверојатно ќе поскапи…
Струјата за домаќинствата од 1 јануари би…
Променливо облачно време со дожд во делови…
Во утринските и раните претпладневни часови времето…
Трамп ја повика Nvidia да му даде…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја повика…
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…