Македонец пукаше во жена од Србија кај Прешево, па се самоуби

t

Во пукање во близина на наплатната рампа во Прешево, тешко ранета е млада жена, а мажот кој пукал во неа се самоубил. Таа потоа од здравствениот дом во Врање била пренесена во Ниш и била оперирана во Ургентниот центар.

Како што објави РТС од Вишото јавно обвинителство Врање, мажот (1972) е државјанин на Македонија, а жената е од Србија (1994).

Тие биле заедно во автомобилот, а по кратка расправија жената излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот испукал неколку куршуми кон неа, а потоа си пукал во глава.

Тешко ранетата жена била пренесена во Здравствениот дом во Врање, а потоа во придружба на Брза помош во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

По прегледот, констатирани се повреди на душникот, вратни пршлени и инклузија на воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна.

На пациентката итно и била укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар Ниш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…

На штипскиот УГД во првиот уписен рок…

Заврши пријавување на кандидатите за упис во…