Македонија вечерва игра со Чешка за бараж за Светско првенство во ракомет
Македонската ракометна репрезентација вечерва гостува кај Чешка во првиот меч од пресметката за пласман на Светското првенство 2023.
Селекторот Кирил Лазаров верува дека со максимална ангажираност негова и на неговите избраници може да се дојде до добар резултат пред реваншот во Скопје.
Лазаров кој ќе ја има и улогата на капитен на теренот, смета дека Чешка е посилна од претходниот ривал Романија.
– Ако треба да ја споредам Чешка со Романија, можам да кажам дека 15 до 20 отсто се работи за повоиграна репрезентација, иако не треба да се занемари квалитетот на Романците. Нема да нѐ плаши тоа, имаме јасна идеја, можеби ќе ѝ ја препуштиме фаворитската улога, меѓутоа ние сакаме Светско првенство и спремни сме да го дадеме нашиот максимум да дојдеме таму. Мислам дека многу ќе ни значи уште еден настап на Светско првенство со оваа нова генерација. Спремни сме за предизвикот – рече Лазаров.
Натпреварот ќе се игра во Злин со почеток во 20 часот и 15 минути, реваншот е в недела во Скопје (19 часот).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…
Mирен протест во Богданци во чест на…
Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…