Македонија влијае бугарските малцинства во соседните држави да се идентификуваат како Македонци, велат од бугарската Воена разузнавачка служба
Идентификувани се обидите на Скопје, Република Македонија да влијае врз бугарските малцинства во соседните земји да се произнесат како „Македонци“. Ова се наведува во годишниот извештај на бугарската Воена разузнавачка служба, пренесуваат бугарските медиуми.
Понатаму во извештајот било нотирано дека во Македонија не се спроведуваат суштинските уставни измени, а Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија делумно се применува селективно.
-Неконструктивната политика на властите на РМ кон Софија се повеќе е поддржана од некои надворешни фактори, велат од Бугарското разузнавање, која е дел од тамошното Министерство за одбрана.
Се додава дека „продолжуваат обидите на РМ да искористи одредени меѓународни организации за да го наруши имиџот на Република Бугарија“.
-Трендот ќе продолжи и ќе бара внимателност од бугарските власти. Дополнително, во 2022 година, традиционално, не е постигнат напредок во изградбата на клучниот Коридор 8 за НАТО во неговиот дел преку територијата на РМ, стои во извештајот, објави „Дир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…