Македонија во битка и за 1,5 милиони евра!
Денеска во 18 часот нашата најдобра репрезентација во Ереван, на гости со Ерменија, ќе го одигра решавачкиот меч за првото место во Ц Лигата на Нации во групата 4.
Јасно е дека со победа повеќе од веројатно ќе завршиме на првото место, па и реми не е лошо, а тоа значи пласман во Б Лигата на Нации, што секако дека ќе биде успех. Тоа прво место ќе значи и квалификации или плеј -оф за пласман на СП во 2026.
Но тоа прво место значи и 1,5 милиони евра!
Имено ако на крајот бидеме први, тогаш од УЕФА нашата Фудбалска федерација ќе добие од 1,5 милиони евра. Според правилникот за премирање на играчите, 33 насто од тие пари одат како премија кај нив, тоа се 500.000 евра што треба да ја поделат или вкупно 600.000 евра ако се знае дека по триумфот над Ерменија дома минатиот месец беа премирани од ФФМ со 100.000 евра.
Значи ќе поделат 600.000 евра, ако во меѓувреме не се случи уште некоја премија.
Но за ова да се случи вечерва не треба да се загуби, ако веќе мора да се случи тогаш тоа нека биде пораз со еден гол разлика. Сепак ние сме уверени дека Барди и другарите во Ереван ќе дојдат до победа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…