Македонија во јануари ја посетиле над 47 илјади туристи
Во земјава во јануари годинава се евидентирани 47.761 турист, од кои 40.4 се домашни, а 59.6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102 079, од кои 48.4 проценти се од домашните туристи, a 51.6 отсто од странските туристи.
Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 проценти, a бројот на ноќевањата за 15.2 отсто.
Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од 3, а на странските од 15.5 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 11.5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.8 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…