Македонија гласаше против резолуцијата на ОН за укинување на американското ембарго кон Куба
Македонија е меѓу 17 земји што гласаа против резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се бара укинување на американското економско, трговско и финансиско ембарго кон Куба. Резолуцијата беше усвоена со 130 гласа „за“, 17 „против“ и 25 воздржани.
Генералното собрание по 34, објави 4news.mk пат го осуди ембаргото, но поддршката годинава значително се намали. Лани за резолуцијата гласаа 165 држави, седум беа против, а 12 воздржани. Гласањето следуваше по засилена дипломатска кампања на Вашингтон за повеќе земји да се спротивстават на документот или да се воздржат.
Според „Асошиејтед прес“, покрај Македонија, против гласаа и Босна и Херцеговина, Колумбија, Костарика, Еквадор, Литванија, Мароко, Парагвај и Словенија. Германија, Италија и Летонија беа меѓу воздржаните земји.
Резолуцијата не е правно обврзувачка и не го принудува Вашингтон да ја промени политиката на санкции, но претставува показател за меѓународниот однос кон ембаргото.
Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес, пред гласањето, ги обвини САД дека водат економска војна против неговата земја.
„Куба не е закана. Блокадата е закана“, порача Родригес.
Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц, пак, ги повика државите да не ѝ овозможат на кубанската власт, која ја обвини за корупција, да го искористи гласањето за пропагандна победа на сметка на кубанскиот народ.
На гласањето му претходеше и остра вербална расправија меѓу Волц и Родригес во салата на Генералното собрание. Додека американскиот претставник зборувал на говорницата, кубанскиот министер му пришол, го нарекол лажго и побарал процедурална интервенција од претседавачот. Во обид да ја смират ситуацијата се вмешале обезбедувањето и персоналот на ОН, пренесува „Асошиејтед прес“.
Дипломатските тензии се одвиваат во услови на продлабочена економска и енергетска криза во Куба. Недостигот од гориво и продолжените прекини на електричната енергија го отежнуваат функционирањето на основните услуги, вклучително и водоснабдувањето и комуникациите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија гласаше против резолуцијата на ОН за…
Македонија е меѓу 17 земји што гласаа…
ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА СЕ СОПРЕ НОВА ВОЈНА:…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, по директна…
Патриотско друштво со предлог решение за студентскиот…
Гледам дека студентите бараат зголемување на субвенционираниот…
Трамп: Сега, заедно со Нетанјаху, морам да…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега…
БЛИСКИОТ ИСТОК ВО СОСТОЈБА НА ВИСОКА ПРИПРАВНОСТ:…
Безбедносните тензии на Блискиот Исток дополнително се…