Македонија гласаше против Резолуцијата за борба против глорификација на фашизмот и нацизмот

t

Македонија гласаше против Резолуцијата за борба против глорификација на фашизмот и нацизмот, објави Левица.

– Владата се промени, вазалски пристап во надворешната политика останува. Македонија е целосно подредена на западните империјалистичките интереси. Ова го потврдува новото гласање на Македонија во ООН „ПРОТИВ“ Резолуцијата која ги осудува современите форми на фашизам и нацизам.

👉 Имено, во Генералното собрание во ООН, со 116 гласови „ЗА“, уште еднаш беше усвоена нацрт-Резолуција за ,,Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“.

⛔ Слепото следење на надворешно-политичкиот курс воден од земјите кои припаѓаат на т.н. Колективен запад и игнорирањето на македонското анти-фашистичко минато и АСНОМ-ските вредности, не ги одразуваат ставовите и принципите за кои македонскиот народ се борел во минатото, а ги вреднува и денес.

⚠️ Следејќи го трендот на величење на балисти и ревидирање на антифашистичкото минато на Македонија, потсетуваме дека Пратениците на #Левица уште во 2022 година, во Собранието поднесоа Резолуција против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици. Тогашната власт, на спикерското место со Џафеи, оваа резолуција ја заклучи во фиока.

👉 Очекуваме надворешната политика која ја води Тимчо Муцунски да не се разликува по ниту еден параметар од неговиот претходник Бујар Османи. Оттука #Левица останува единствениот политички фактор што ги изразува ставовите на граѓаните по однос на надворешно-политичките прашања, кои очигледно се тотално различни од она што го претставува и претходната, а и актуелната Владата. – напишаа од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или…

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден…

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Димитровски: И да го смениме Уставот поради…

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…

МНР остро ги осуди најновите руски напади…

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија…