Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ во тешки времиња, вели Османи
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во Будва. Ова е последен министерски состанок во рамките на црногорското претседавање, пред преземање на претседавањето од страна на Република Македонија, на 1 јули.
Во своето обраќање пред своите хомолози и гости, Османи се заблагодари за успешното претседавање на Црна Гора, афирмирајќи ја подготвеноста на Македонија, да преку своите приоритети и посветеност, иницијативата продолжи да биде корисна платформа за соработка во регионот.
“Македонија го презема претседавањето во тешки времиња, земајќи ја предвид сериозноста на војната што се води на нашиот континент против суверена и независна Украина. Kога ги разгледувавме можните приоритети на нашиот мандат како иден претседавач, токму ова, како и преостанатите регионални предизвици и отворени прашања, нѐ натераа да се вратиме на основните вредности врз кои се потпира иницијативата – добрососедските односи, стабилноста, безбедноста, соработката стремежот за интеграција на нашите земји во евро-атлантското семејство на слободни и демократски народи” рече Османи.
Меѓу другото, тој ја истакна важноста од заедничко дејствување за доброто на граѓаните на регионот, а во овој контекст и големата улога на земјите учеснички на ПСЈИЕ кои се и земји-членки на ЕУ. Изрази благодарност за новиот план за раст на Западен Балкан, објавен од претседателката на Европската комисија Фон Дер Лејен минатата недела во Братислава, како навремен одговор на нашата молба за поголема интеграција пред членството во ЕУ. Тој процес треба да донесе некои од придобивките од членството за луѓето од Западен Балкан веќе денес. порача Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица со автомобил се обиделе да…
Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…
Уапсени петмина вработени во болница во Зеница…
По смртта на поранешниот атлетичар Кристијан Јосип…
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…
Земјотрес со магнитуда 4,8 го погоди Крит…
Земјотрес со магнитуда 4,8 рано во петокот…
Студентската листа во Србија не планира задолжителен…
Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…