Македонија го пocтави светскиот рекорд во увоз на мapихуана

t

Од Јужна Африка во Македонија е испорачана досега рекордната пратка на марихуана помеѓу две држави, објави американско-канадската фирма Инстадосе фарма корп.

Пратката од 2.125 килограми (2,125 метрички тони) била испратена од Јоханесбург во Скопје на 25.12.2021. односно стигнала 6 дена пред Новата година, стои во компаниското соопштение.

Инстадосе соопшти и дека оваа марихуана е наменета за западна Европа каде веќе е доставена, а е извезена во Македонија согласно дозволата издадена во ноември.

Наведено е дека компанијата има соработка со лиценцирана фирма во Македонија, а истотака има свои филијали во ДР Конго, Португалија, Индија, Канада, Колумбија и Мексико.

-Ова е и историска испорака и претставува само почеток на потенцијалот на Инстадосе Фарма. Испорачувањето ги потврдува и нашиот бизнис модел и компанијата како светски лидер во индустријата. Мојата визија отсекогаш беше ваква и многу сум возбуден за значењето на пратката и за она што допрва следува, истакна Грент Сандерс, основач и директор на Инстадосе која според компаниското соопштение тврди дека македонската увезена пратка од 2,125 тони претставува светски рекорд во трговијата со марихуана наменета за медицински цели.

Минатата година беше објавено дека од Лесото треба да бидат испорачани 8, 5 тони марихуана од друга компанија, но не беше потврдено дали дозволата се реализирала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика…

МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

(Видео) Српската полиција пронајде марихуана во возило…

Полицијата вечерва пресретнала возило на Брза помош…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…