Објавено на:

Македонија денеска во 15 часот против Украина за пласман на ЕП!

t

Фудбалската репрезентација на Македонија, по ремито со Италија (1-1) и победата над Малта (2-0), повторно е во игра за пласман на Европското првенство (ЕП). Но, за да се остане во неа и битката да се разгори до крајот, потребна ќе биде победа над Украина (сабота, 15:00) во вториот меѓусебен натпревар кој ќе се игра на неутрален терен.

Свежи се сеќавањата на болниот пораз од ривалот на првиот меѓусебен меч во Скопје. Македонија имаше перфектно прво полувреме и предност од 2-0, но на крајот доживеа пораз од 2-3. На овој дуел блескаше првата ѕвезда Михајло Мудрик од Челзи, со две блескави асистенции во головите за израмнување и за победа. Украина во мечот во Прага влегува ослабната затоа што нема двајца првотимци – Андреј Јармоленко и Виктор Циганков. Двајцата се отсутни поради повреди, но тоа не значи дека се работи за лоша селекција.

Кај Македонија, Благоја Милевски направи некои промени во составот, па во овој циклус не ги повика напаѓачите Илија Несторовски и Дориан Бабунски, како и дефанзивецот Дарко Велковски. Интересно, Несторовски и Бабунски му „возвратија“ со голови за Асколи и Грасхоперс овој викенд. Велковски, пак, е без клуб – затоа не е во националниот тим. Меѓу повиканите се врати Дарко Чурлинов од Барнли, како и десниот бек Тодор Тодороски од унгарски ЗТЕ. Се очекува Тодороски да биде алтернатива во отсуство на капитенот Стефан Ристовски кој прогласи пензија се додека Милевски е селектор.

Во одбраната на Македонија, главниот збор се очекува да го има Висар Муслиу. Стоперот на Падерборн е единствениот од оние, старндарните, во екипата. Како што напоменавме претходно го нема Велковски, а исто така отсутен е и Ѓоко Зајков поради повреда. Добра вест за Милевски е што стоперите Никола Серафимов и Јован Манев играат во добра форма.
Македонија и Украина досега имаат одиграно шест меѓусебни натпревари. Украинците се во четири победи во серија (2023, 2021, 2015 и 2014), една има Македонија (2004), а еден дуел во 2003 година заврши нерешено. Поради важноста на бодовите, не очекуваме голеада.

Извор: Gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме…

Полска не се подготвува и нема да…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…

Американски конгресмен: Америка може да испрати војска…

Во случај на пад на Украина, Соединетите…

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…