Објавено на:

Македонија денеска против Гибралтар за прва победа во Лигата на нации

t

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот на гостински терен против Гибралтар го игра вториот натпревар во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации во обид по стартното реми против Бугарија во Разград да ја забележи првата победа.

Македонија мора да ги победи двата натпревари против аутсајдерот Гибралтар за да се надева на првото место во групата кое носи бараж за пласман на Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски не сака да го потцени Гибралтар иако тоа треба да е најслабата селекција во групата. Нема да има експерименти во составот, ќе играме со најспремните.

– Фокусирани сме на мечот. Не смееме да калкулираме, туку да ги избереме најдобрите и да атакуваме на трите бода. Имаме одреден број на фудбалери со проблеми, но без разлика на тоа секогаш ќе излезат тие што се најподготвени во моментов. Пристапот ќе ни биде сериозен и нема место за калкулации и експерименти. Во денешниот фудбал нема место за потценување. Со самиот податок што Гибралтар е во Лига Ц потврдија дека напредуваат. Нема ни еден процент место за опуштање. Момците се свесни дека само со максимум може да се дојде до посакуван резултат. Секој натпревар е посебен, мора посебно да се подготвите. Нема два исти натпревари, а со самото тоа нема ни исти подготовки. Ние се однесуваме со почит кон сите во нашата група, фудбалерите се свесни дека треба да го дадат максимумот. Оваа Македонија без разлика против кој ривал игра е обврзана да игра максимално, изјави Милевски.

Слично размислува и Елиф Елмас.

– Доста време помина откако игравме во Гибралтар. Домаќинот играше затворено и ни создаде проблеми. На секој натпревар мора да играме максимално, дојдовме да одиграме најдобро што знаеме и да освоиме три бода. Ни недостасуваше реализацијата во Бугарија, промашивме многу шанси. Сега ни следат три натпревари на кои реализацијата треба да биде перфектна. Ќе биде потешко да играме на вештачка трева, но без разлика на тоа ние мора да победиме, нагласи Елмас.

Македонија досега има два меча против Гибралтар, на гостински терен победивме со 2-0, а во Скопје бевме убедливи со 4-0.

Во нашата група денеска се игра и мечот меѓу Бугарија и Грузија кој почнува од 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…