Македонија е добар сосед и сака скоро решение на спорот меѓу Косово и Србија, вели Пендаровски

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска укажа дека нашата земја нема да зазема страна во спорот меѓу Србија и Косово. Според него, Република Македонија има и ќе продолжи да има еднаков однос кон Србија и Косово.

-Ги признаваме двете држави и имаме амбасади во двете држави, имаат и тие амбасади отворени кај нас. Немаме намера да заземаме страна, но ако некој сака да погледне во искуството кое ние го имаме, во однос на Охридскиот рамковен договор, мислам дека нема да погреши, затоа што спецификите на секоја држава, диктираат и специфички решенија. Не велам дека решенијата од Рамковниот договор да се пресликаат во иден договор меѓу Србија и Косово, но има модели кои можат да бидат искористени. Финалната одлука е на легитимните органи во Белград и Приштина. Ние сме само добри комшии кои сакаат што е можно поскоро да видат крај на овој долг спор кој објективно ја успорува регионалната соработка, кажа Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговата косовска колешка, Вјоса Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…