Македонија е кошмарот за Италија: Барди со мајсторија извади големо реми
Македонија е вистински кошмар за Италија, па уште еднаш ги расплакавме „аѕурите“, овојпат со реми 1-1 во евроквалификацискиот меч вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“, за трет меч по ред без пораз од четирикратниот светски првак и актуелен европски владател, за и да му го расипеме дебито на новиот селектор Лучијано Спалети.
Енис Барди со мајсторија од слободен удар од 20 метри десет минути пред крајот го обезбеди новото реми, второ во четирите пресметки со „аѕурите“, за добар рестарт на македонската селекција после јунското фијаско и срамот во Англија.
Македонија безмалку цел меч беше во подредена позиција, Италија покажа повеќе, во првиот дел направи пет шанси, еднаш преку Сандро Тонали погоди дирек, еднаш Столе Димитриевски реагираше на удар на Чиро Имобиле, трипати ги изблокиравме Италијанците во последен момент, а само една голема шанса направивме која Бојан Миовски ја промаши со глава на центаршут на Езџјан Алиоски.
Само што почна вториот дел, „аѕурите“ преку Имобиле поведоа. И како да се задоволија со водството, сметајќи дека со доминацијата во играта ќе ја зачуваат предноста, ни дозволија многу повеќе простор, а последните пола час Македонија тргна поамбициозно, Елиф Елмас еднаш сериозно се закани со шут, а во завршницата Барди ги казни за помалку калкулантскиот пристап во последната третина од средбата.
За Македонија ова е четврти бод во овие квалификации од четири меча, исто толку има и Италија од три, Украина е втора со седум после денешното реми со лидерот Англија (1-1), која има 13 бода од пет меча. Малта која е наш следен противник е без бод. Италија и Украина играат во вторник, во терминот кога ние гостуваме кај Малтежаните.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…
Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска…
Шведска вложува во војската, ги обновува јавните…
Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на…
Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли…
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…