Македонија е подготвена да ѝ помогне на Грција за справување со пожарите, истакна Петровска
Македонија е подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.
За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи.
-Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме во справувањето со пожарите кои го имаат зафатено нашиот сосед и сојузник во Алијансата. Се согласивме дека како соседи, но пред сѐ како пријателски и сојузнички земји, многу е важно взаемно да си помагаме, напиша на Фејсбук министерката Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…