Македонија е привлечна за шпанските инвеститори, вели шпанскиот МНР

t

Односите меѓу Шпанија и Македонија се зајакнуваат, стануваат уште поблиски, напредува и економската соработба. Ова е земја која што е многу привлечна за шпанските компании. Последен доказ за тоа е учеството на компанијата „Идом“ во третирање на водите во Охридското езеро. Убеден сум дека овој пример ќе повлече и други компании и ќе овозможи да се зголемуваат нашите размени на економски план, изјави министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено кој е во еднодневна посета на земјава.

Албарез на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега, Бујар Османи упати порака и дека Шпанија сака да го интегрира Западен Балкан во ЕУ.

Двајцата министри потпишаа Меморандум за разбирање со цел развој на соработката во процесот на пристапување на земјава во Унијата.

Официјален Мадрид ќе го презеде претседавањето со ЕУ од 1-ви јули годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…