Македонија има историски најниска бројка на невработеност, порача Ристески

t

Во моментов имаме историски најниска бројка на невработеност после осамостојувањето на Македонија, порача денеска од Штип заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој одговараше на новинарски прашања за колкава е невработеноста во земјата. Ристески забележа дека оваа Влада кога дојде затекнала околу 100.000 невработени лица, а сега се околу 86.000 лица.

-Целта беше првата година да се намалат под 90.000, па потоа наредната цел е бројот на невработени да се намали под 80.000. ​Да напоменам дека од тие 86.000 или 85.000 невработени лица, голем дел се занимаваат со земјоделие, а остатокот се оние лица кои немаат завршено сè уште средно образование, а се евидентираат во самиот список за невработени лица – тоа се лицата од 16 до 18 години. ​Сакам да кажам дека бројката е многу помала и изнесува некаде околу 40.000–45.000, а тоа е 5–6 проценти од работно способното население во Македонија. Што значи, историски најниска бројка на невработеност после осамостојувањето на Македонија – изјави Ристески при посетата на Агенцијата за вработување во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во протестите во Тирана 272 повредени, а…

Вкупниот број повредени во протестите во Тирана…

Мирчев го обвини Радев за молк за…

Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев упати остри критики…

Купувањето стан станува недостижно за Европејците

Купувањето сопствен стан станува сè поголем финансиски…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Израелски министер : „Во Франција веќе започна…

Израелскиот министер за дијаспора и борба против…