Македонија има најскапи патарини, а најлоши патишта во регионот

t

На 19 март, Собранието ќе гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, со кој се бара намалување на цените на патарините за 50% и нивно законско регулирање. Овој потег, според партијата, ќе спречи Владата произволно да ги зголемува цените и бројот на патарините.

„Македонија има најскапи патарини во регионот, а патиштата се во очајна состојба. Граѓаните плаќаат високи цени, но се возат по неосветлени патишта со кратери и несоодветна сигнализација“, стои во соопштението на Левица.

Партијата нагласува дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) генерира огромни приходи, но средствата не се трошат соодветно.

„Во услови на висока инфлација и намален животен стандард, високите патарини претставуваат неправеден финансиски товар за граѓаните. Време е да се стави крај на ваквиот грабеж“, велат од Левица.

Партијата потсети дека ваков предлог-закон предложила и во 2022 година, но тогаш беше одбиен од владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ, додека ДПМНЕ го поддржа.

„Сега е време ДПМНЕ да покаже политичка доследност. Ако навистина се за интересите на граѓаните, ќе гласаат ‘ЗА’. Народот гледа и ќе суди“, порачаа од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…

Компаниите што во последните три месеци редовно…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…