Македонија и Србија ќе ги поврзат гасоводите, утре се потпишува договорот

t

Договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод Македонија-Србија ќе биде потпишан утре. На официјалниот почеток на реализацијата на проектот за гасно поврзување меѓу двете земји ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Во интервју за „Брајтбарт њуз“, емитувано во неделата, Мицкоски изјави дека Македонија планира до почетокот на 2028 година да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во Александруполис и преку мрежата на интерконектори да овозможи транспорт на американски гас кон Србија и Централна Европа.

„Сега ги градиме интерконекторите што ќе ја поврзат земјата со Грција и практично тој гасовод ќе води до ЛНГ-терминалот во Александруполис. Имаме резервирано четири капацитети на терминалот. Но тоа нема да биде доволно, па затоа инвестираме и во северниот интерконекторски гасовод, кој ќе го поврзе нашиот национален гасовод со српскиот“, рече Мицкоски.

Според него, на тој начин Александрополис преку Македонија и Србија ќе се поврзе со Централна Европа, сè до Унгарија и Австрија.

Мицкоски рече дека планираниот капацитет на гасоводот е меѓу три и шест милијарди кубни метри годишно, со што би можел да стане конкуренција на руските гасни капацитети во регионот.

Тој додаде дека проектот може да придонесе за реализација на плановите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за извоз на течен природен гас преку терминалот во Александруполис кон Централна Европа, додека Македонија северниот гасен интерконектор ќе го развива со сопствени буџетски средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…