Македонија на врвот на листата депортации од Германија – За една година „ни вратиле“ 1.177 лица
Бројот на депортирани од Германија годинава е значително поголем од лани, па така во првиот квартал од 2024 година бројот на депортации е зголемен за една третина, пренесува Алсат.
Според податоците на германската влада, од јануари до март годинава од Германија биле депортирани 4.791 лице или за околу 34 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле депортирани 483 граѓани на Македонија, а во текот на целата измината година 1.177.
Од 483 депортирани државјани на Македонија во првиот квартал од 2024 година, 233 се жени, а 227 малолетни.
На второ место по бројот на депортации е Турција каде се вратиле 449 граѓани. Потоа Грузија (416), Авганистан (345) и Србија (312).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…