Македонија на 42 место во светот по смртност според листата на ЦИА

t

Македонија се најде на 42та позиција по висина на смртност во светот, во итражувањето што го прави американската ЦИА, сметајќи го просечниот број на смртни случаи на 1.000 жители годишно.

Според оваа методлогија, Македонија има 9,6 смртни случаи, и е во горниот дел на рангирањето, а на самиот врв е Србија со 16,4 смртни случаи на 1.000 жители годишно.. Во најлошите 10 има уште две земји од Балкнаот – Бугарија и Хрватска..

Последните анализи на Државниот завод за статистика за 2021 година покажуваат дека најчеста причина за смрт во земјава се заболувањата на циркуларниот систем односно 36%, потоа следуваат ковид-компликациите со 20%, неоплазмите со речиси 14%, а како причини се наведени и ендокрините, нутритивните и метаболичките болести.

Специјалистот кардиолог д-р Владимир Ристовски, за Канал 5 вели дека лошите навики на луѓето кај нас тешко се искоренуваат…

-Можеме да причиниме повеќе фактори, најчесто е социо-економскиот статус кои што се наоѓаат во овие држави, како што е и во нашата земја, нормало тука спаѓа дека ние сме изложени на значително поголем стрес, потоа физичката неактивност, дебелината, исто така пушењето, ние сме нација која што доста конзумира тобако, кога ќе ги собереме сите овие фактори, со главниот фактор стресот, токму тоа е причината за високата смртност.- Владимир Трајковски – Специјалист- Кардиолог – ГОБ „8ми Септември“

Проблем останува и старата навика за не одење на лекар навремено. Граѓаните ретко прават превентивни контроли кои би затекнале заболување во рана фаза, а на лекар се јавуаат дури по појава на некакви симптоми, вели Ристовски.

-Ние инсистираме на тие кардиолошки превентивни прегледи кои што нормално треба да се прават некаде од 30 години, 40,50 и над 60 години, нормално кај нас пациентите додека не добијат никаков симтом, додека немаат некаква болест може и на 70 години да биде првиот преглед, што не е случај со другите земји каде што има малку поразличен систем каде што секој пациент на соодветна возраст треба да помине соодветни систематски прегледи.

Лани во Македонија според ДЗС починале околу 28 500 жители. За разлика од минатата година, до овој период од годината земјава има 3.000 смртни случаи помалку, што во нјаголем дел се должи на стивнувањето на пандемијата…

Според истражувањето на ЦИА, најмала стапка на смртност во светот има Катар, со само 1,4 починато лице на 1000 жители годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видете какво ќе биде времето денес

Во утринските и во раните претпладневни часови…

Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…

Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…

Од 24 на само 4 степени во…

Голем температурен пад за само 24 часа…

Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…

Архангел Михаил е водачот на небесните војски…