Објавено на:

Македонија одигра нерешено со Молдавија

t

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 (1-0) против Молдавија во првиот официјален натпревар во 2024 година, Пријателскиот дуел во Анталија мина во знакот на двата гола во финишот на двете полувремиња, со кои и на четвртиот меѓусбен натпревар на овие две селекции мина без победник. 

Милевски се одлучи за систем на игра 3-4-1-2 и неколку новини во стартниот состав. Илјазовски започна во дефанзивната тројка, а Чурлинов доби улога по десната страна. Прв се закани Барди во седмата минута, но неговиот удар заврши во блокот. Елмас беше клучниот човек во организацијата на играта, а силно активен во раната фаза беше и Јани Атанасов. Македонија постојано ја имаше топката во нозете, но не креираше зрели шанси за гол. На средина од првиот дел зрела шанса имаше Елмас, биеше со левата нога, но молдавскиот голман Раилеан одбрани. Во продолжението на акцијата не беше прецизен ни Атанасов. 

По половина час игра се обиде и Милан Ристовски од тешка позиција, но биеше крај голот. Најзрелата шанса во првиот дел ја имаа Молдавците. Елмас компликуваше во 40. минута и ја загуби топката, па Столе Димитриевски решително спаси сигурно молдавско водство. Кога сите помислија дека на одмор ќе се замине со почетниот резултат, Македонија поведе. Барди биеше од далечина, ударот по земја само го одби молдавскиот голман, а Миовски натрча и го матира Раилеан (1-0).

На почетокот од вториот дел шанса доби Митровски и Македонија продолжи со офанзивна игра и напади. Сепак, првата шанса ја имаше Кожокару, чиј удар со глава во 54. минута заврши преку голот. Нашиот национален тим возврати со ударот на Милан Ристовски од работ на казнениот простор, но романскиот голман се испружи и исфрли во корнер. 

Следеше серија на замени, Костадинов и Елези влегоа во нашиот среден ред и внесоа свежина и нива енергија. Молдавија наметна јалова надмоќ, но не креираше зрели шанси за гол. Во 75. минута Елмас се обиде од далечина, биеше по земја, но резервниот голман Кошелев рутински одбрани. Дебитантот Ќамили доби петнаесеттина минути, откако го замени стрелецот Миовски во завршната фаза од натпреварот. Само што влезе во игра Ќамили ја имаше првата закана, но биеше млако и централно.

Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши со наша минимална победа, Витали Дамашкан со „ножички“ го изненади нашиот одбранбен ред и голманот Столе Димитриевски и израмни на 1-1. Овој резултат се покажа како конечен и веројатно реален по случавањата на теренот. 

Следниот тест во овој мартовски ФИФА-прозорец е дуелот в понеделник полладне против Црна Гора, исто така на турско тло во Анталија.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Санду: ЕУ треба да разработи „Маршалов план“…

Европската унија треба да ја развие својата…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Македонија одигра нерешено со Молдавија

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 (1-0) против Молдавија во…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…