Македонија официјално потврди присуство на Евровизија 2027 во Бугарија
Македонија и официјално го потврдила своето враќање на Евровизија, дознава 4news.mk
Бугарскиот крајбрежен град Бургас ќе биде домаќин на претстојниот Избор за песна на Евровизија 2027, каде што се очекува рекордна конкуренција. Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на сцената следната година ќе настапат претставници од повеќе од 40 држави.
„Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, истакна градоначалникот Николов.
Според официјалните податоци на организаторите заклучно со 16 август 2026 година, своето учество на евровизиската сцена во Бургас веќе го потврдија првите 20 земји:
- Австрија
- Албанија
- Бугарија (домаќин)
- Велика Британија
- Германија
- Грција
- Данска
- Израел
- Италија
- Канада
- Латвија
- Литванија
- Луксембург
- Малта
- Норвешка
- Романија
- Сан Марино
- Северна Македонија
- Финска
- Швајцарија
Посебно внимание привлекува враќањето на Македонија на евровизиската сцена, како и најавеното дебитантско учество на Канада, што натпреварот го прави еден од најнеизвесните и најразновидните досега. Се очекува во наредниот период организаторите да го објават и конечниот список на сите земји учеснички.
Досега интерес за Евровизија пројавија Бојан Јовановски, Антониа Гиговска, Ивона Јо, Боби Андонов, Марио Арангеловски…
Останува нејасно дали претставникот ќе се бира преку конкурс или преку фестивал како што порано беше Скопскиот фестивал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…
Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…
Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…